Претседателите на парламентите на Србија и Македонија, Небојша Стефановиќ и Трајко Вељаноски, денеска во Белград се согласија дека двете земји ги исполниле сите критериуми за во јуни да добијат датум за почеток на преговорите за членство со ЕУ.
Стефановиќ изјави дека овој вид на охрабрување е важно за зајакнување на економската соработка.
Вељаноски исто така рече дека Србија и Македонија ги исполниле сите критериуми за добивање на датум.
Тој додаде дека Србија и Македонија имаат добра парламентарна соработка и најави дека во мај ќе се одржи конференција на претседателите на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, на која треба да се усвои документ за соработка во регионот.