Уставниот суд не успеа да ја заштити автономијата на УКИМ од влијанието на извршната власт која навлегува делот на самостојното одлучување за трошењето на средствата од буџетот на универзитетот, како и за оценувањето на знаењето на студентите се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец март. Пред две години група професори поднесоа иницијатива за 24 членови од Законот за високо образование, а Уставниот суд одлучувал само за два члена.
Во исто време со новите измени на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители власта признава една од грешките поврзана со новите правила за избор на судии и како тие ќе се одразат врз правосудниот систем во иднина се вели во извештајот на Хелсиншки комитет.
Закон за полагање на правосудниот испит е недоволно разработен, содржи премногу новини за да биде донесен во скратена постапка, користи решенија кои не одговараат на нашиот правен систем кој во огромна мера се разликува од американскиот и може да има негативни влијанија врз правосудството и работата на државната управа. Извештајот дава посебен осврт на долгите судски процеси, како и правата на ЛГБТ заедницата.