НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ги повикувам граѓаните да не излегуваат на избори на 5. јуни

0
By Нова ТВ on April 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5-ти јуни, повика денеска опозицискиот лидер Зоран Заев на потпишувањето на Граѓанската платформа за слободна Македонија со коалиционите партнери и граѓанските здруженија.

-Со оваа Платформа за демократска Македонија се обврзуваме заедно и бескомпромисно да делуваме во одбрана на правдата, вистината, иднината!Платформата за демократска Македонија ги содржи демократските начела и принцпипи во коишто веруваме и од коишто нема да отстапиме се до нивното исполнување. Затоа што станува збор за иднината на Македонија. Слободата и демократијата се темели на секое здраво општество и предуслов за нормален живот.

Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски. Медиумите мора да бидат слободни и објективни! Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!

Целосна поддршка на работата на независната институција СЈО. Департизирана полиција во служба на граѓаните. Независна агенција за борба против корупцијата. Силно граѓанско општество како гласен борец против злоупотребите. Институциите мора да бидат независни! Ослободувањето на државните институции е клучен предуслов за “демонтирање“ на криминалниот систем кој ја зароби држава. Отпочнувањето на овој процес директно зависи од: Департизација и деполитизација на државните институции. Независно судство. Владеење на правото и правичноста. Професионална полиција во служба на граѓаните, порача Заев.

На платформата потпис ставија претставниците на СДСМ,  Нова социјалдеморкатска партија, ЛДП, Обединети за Македонија, партија за движење на Турците,  Партија за целосна еманципација на Ромите, Демократски сојуз на власите во Македонија, Санџачка лига, Српска странка во Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија,  Нова алтернатива, ПЕП 21, Партија на обединети пензионери и граѓани и Граѓанско либерална партија.

platforma1platforma2

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.