Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2013 – преглед на денот

0
By Нова ТВ on April 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 1, 2013 20:42

Обновување фасади во Центар, разубавување на зеленилото во Скопје, преку обнова на некогашното корзо во Ѓорче Петров па се економска зона во Делчево – продолжува кампањата за локалните избори.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ на Центар Владимир Тодоровиќ најави продолжување на проектот за реконструкција на фасади на станбени згради во општината.

– Мојата програма со која настапувам на овие избори содржи и обнова и реконструкција на фасадите во централното градско подрачје. Тој интензитет ќе го зголемиме така што во наредните 4 години некаде околу стотина згради ќе добијат нови фасади, изјави Тодоровиќ.

Проекти за враќање на зеленилото во Скопје, целосна контрола врз заштитата на природата и здравјето на граѓаните, најави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Јани Макрадули.

– Заштита на природата и преземање мерки за спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, како и заштита од бучава и нејонизирачкото зрачење на подрачјето на градот Скопје се дел од законските ингеренции на градската администрација.

– Оваа и следната година ќе работиме на доизградбата на Градскиот парк во Ѓорче Петров. Ќе го обновиме шеталиштето кое беше препознатлив имиџ во минатото. За овој простор планираме да распишеме конкурс за идејно решение со што значително ќе се збогатат содржините во паркот, изјави кандидатот за градоначланик на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Сокол Митревски денеска најави повторно заживувањето на препознатливото корзо во овој дел на Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, денеска го промовираше проектот за подобрување на водоснабдувањето во населените места Ченто, Стајковци, Синѓелик и Инџиково во Општина Гази Баба.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Петров денеска претстави дел од неговата програма што се однесува на хортикултурното уредување во општината. Најави зачувување на зелените површини од, како што рече, хиперурбанизацијата на Карпош.

ГРУЕВСКИ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ВО ДЕЛЧЕВО

– Во Делчево ќе се гради технолошка индустриска развојна зона (ТИРЗ) на 20 хектари државно земјиште. Ќе почне да се гради на крајот од оваа година, а се очекува да биде готова до 2015 година, најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на месноста Црна Скала, во близина на Делчево, каде ќе биде лоцирана зоната.

Тој беше и во Берово за да ја истакне поддршка за нов мандат на градоначалникот Драги Наџински.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.