Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безвреден живот, човечки

0
By Менче Атанасова Точи on April 12, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2016 10:53

Оваа колумна требаше да биде посветена на нешто друго, но во последен момент се предомислив, едноставно не можам да ги заобиколам тие што им треба помош.  Болните од рак повторно се без цитостатици. Додека на Клиниката за онкологија стигне едниот го снемува другиот цитостатик. Сега се на цедило тие со рак на дебело црево, за две недели ќе снема уште три цитостатика, резервите се трошат.

Најтешко болните се принудени да ги купуваат, да даваат по 100 -200 евра месечно за лекови иако клиниката е должна да ги обезбеди. Не зборуваме за современа цитостатска терапија од 2000 до 3000 евра месечно, која секој од нив очајно сака да ја има за да си го продолжи или спаси  животот, туку за лекови за кои државата одлучила дека се по терк на  македонскиот граѓанин, поевтини. Но и нив ги нема!

Кој може да си дозволи да ги купи со овој стандард, со малите плати, ниските пензии, невработеноста, стечајните работници, кој може да плати за еден лек  100 евра месечно? А, каде е другата терапија? Витамините и силната храна која треба да се зема поради  хемотерапијата? Речиси никој во оваа држава не може да си го дозволи тоа. А, каде се сметките за струја, вода, парно, можеби кирија или кредит? За лихвари да не зборуваме. Многу од болните заглавија кај нив.

Пред извесно време  ми се јави една жена, чија состојба не можам да ја наречам очајна, туку многу повеќе од тоа. Сакаше да ме извести дека го нема цитостатикот што и е неопходен. Нејзините зборови уште ми одекнуваат во главата. „Немам пари да го купам лекот, ама и така мојот живот не вреди 100 евра“, рече разочарано.  Се направив дека не ја слушнав па, таа повтори:„ Мојот живот не вреди во оваа држава“. Не знам дали е уште жива, но знам дека ужасно беше во право. Животот на македонскиот граѓанин не вреди ни пет пари. Кога еден ден ќе се разбудиш во некоја болничка соба и сфатиш дека имаш тешка болест, остануваш сам со sидовите на таа соба. И со својата тага! Се друго зависи од политиката во здравството. Лекови ќе  добиеш ако има, ако не оди купи си, се разбира доколку имаш пари.  Ајде, што на тендерот  се одбрани најевтините, од индискиот и кинескиот пазар,  ама и нив ги нема.

Деновиве му се јавив на директорот на Клиниката за онкологија, го прашувам до кога вака. Повторно се правда со Советот за јавни набавки. Тендерот го враќале три пати.  Лекови нема, залихите се трошат.  Образложението од Советот било дека не треба да се возбудуваат бидејќи „ нема елементарна непогода, односно, нема земјотрес и поплава и дека ништо не е итно“! Замислете, не е ништо итно, а болни од рак умираат затоа што нема цитостатици!

Истата приказна ја раскажуваат и на другите клиники, немаат лекови бидејќи Советот им ги враќа тендерите, велат  членовите не разбирале медицински термини, се фаќале за милилитри на некој лек и слично. За  сето ова, директорите не се осудуваат да се пожалат, се нервираат, ги праќаат пациентите сами да си купуваат лекови, ама не смеат јавно да кажат бидејќи се партиски поставени, нели?

Советот за јавни набавки е формиран во 2013 та година, за како што рекоа во Владата, да се зголеми транспарентноста и квалитетот при избирање на најдобрата и најповолна понуда. Од минатата година ова тело е под директна ингеренција на Владата. Значи, се знае се, секој производител, секој лек, цената, милилитрите. Ама, не се знае медицината и што значи тој лек за болните!

Меѓу петте члена на Советот, нема ниту еден лекар или фармацевт,составен е од двајца правници и тројца економисти. За тоа, на кој начин некои од нив се нашле во ова тело, нема да пишувам. Само ќе додадам дека  членовите на овој Советот имаат повисоки плати дури и од претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот. За овие три години, тие се недостапни за нас новинарите.

Ниту една друга земја во Европа нема вакво тело, во Македонија власта го измисли за да има се во свои раце. Дури и животот на болните!

И министерот Тодоров кога се фати за диригентската палка во здравството, веднаш најави дека набавките ќе бидат централизирани, тендерите ќе се распишуваат во Министерството. „Нема веќе договарања и провизии“ рече Тодоров. На тендер најважна ќе биде цената, односно ќе добијат најевтините лекови. Заштедата ќе биде милионска.
 
И бидна милионска, ама заработката. Што милите, за кого? Се избраа реагенси со десет пати повисоки цени од реалните. Вкупно 54 здравствени домови и болници може да банкротираат бидејќи во наредните три години треба да плаќаат пет до десет пати поскапи реагенси за биохемиските анализи. Се набавуваат кинески инкубатори, индиски цитостатици,нерегистрирани бугарски вакцини.
И така, болниците буџетите ги добиваат доцна, директорите набавките ги планираат уште подоцна, тендерите се влечат со месеци.
А, болните со душа ги чекаат лековите. И се надеваат! Зашто 100 евра месечно за еден лек се многу, а животот човечки во оваа држава е безвреден.
болни лекови Цитостатици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.