НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите бараат импичмент за претседателот Иванов

0
By Нова ТВ on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одговорност од претседателот Ѓорѓе Иванов и свикување на итна седница на која ќе се дискутира можноста за импичмент бараат партиите од опозицискиот блок, но и други помали партии и независни пратеници.

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска најави дека покренува постапка за утврдување одговорност на Иванов во Собранието и ги повикаа сите партии да ја поддржат нивната иницијатива.

„Со својата вчерашна одлука за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар. Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино.Затоа бараме Собранието да биде свикано за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов“, изјави Горан Сугарески, координатор на Пратеничката група на СДСМ.

Тие ги повикаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Собранието и да го потпишат предлогот, доколку не се согласуваат со одлуката на Иванов, како што објавија вчера.

Вонредна седница за гласање на недоверба на претседателот Ѓорѓе Иванов побара и Демократскиот Сојуз. Од партијата ги повикаа сите пратеници да  отидат на своите работни места во Собранието заради договор и започнување на постапка за одржување на вонредна седница на Собранието.

„На седницата Собранието треба да донесе одлука за престанување со важност на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да отпочне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов кој одлучи да аболицира политичари под сомнение дека фалсификувале избори, направиле грабеж од неколку стотици милиони евра, прислушкувале илјадници  граѓани и ги загрозиле перспективите на државата“, велат од оваа партија.

Лидерот на ДС, Павле Трајанов за НОВА изјави дека согласно Уставот и Деловникот за работа, и покрај тоа што е распуштен, парламентот е во постојано заседание се до денот на конституирањето на нов парламентарен состав.

„Тоа значи дека претседателот си е претседател и парламентот може да заседава, ништо не не спречува да свикаме седница и нема ниту уставна или законска пречка за да биде свикан парламентот“, вели Трајанов. Според него, на иницијативата и се приклучиле и независните пратенички Розе Топузовска, Солза Грчева и Љубица Буралиева.

Трајанов вели дека за да се покрене постапка за одговорност на претседателот се потребни 30 пратеници, додека за да се одржи вонредна седница се потребни 20 пратеници, услови кои сега се исполнети.

Партијата ДОМ исто така објави дека треба да започне институционална борба на свесните пратеници за свикување вонредна собраниска седница за измена на одлуката за распуштање на Собранието, по што би следела постапка за импичмент на претседателот.

Според поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов има простор да се свика вонредна седница во Собранието.

„Ова е вонредна ситуација во земјата и во такви ситуации во некоја историска промена, нешто неочекувано, создадено е сосема нова ситуација сега во земјата која е доволно важен фактор за собранието да одржи седница и тоа треба да биде итна седница“, вели Андов.

За да се започне постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници во Собранието. Последниот збор сепак го има Уставниот суд, кој за одговорноста на претседателот исто така одлучува со двотретинско мнозинство.

Од ДУИ и ДПА засега нема информација дали тие ќе ја поддржат иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Иванов.  ДУИ во повеќе наврати го прогласуваа Ѓорѓе Иванов за нелегитимен претседател, поради тоа што според нив, 90% од Албанците не гласале за претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.