По барање на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими со 6 гласа „за“ и еден „против“, разрешена е Општинската изборна комисја во скопската опоштина Чаир и сите 13 избирачки одбори.
Како што НОВА предходно објави, Државната изборна комисија во петокот ноќта одлучи да се направи увид во гласачкиот материјал за Чаир за да се утврди дали се веродостојни изборните резултати во првиот круг за кои ДПА смета дека е направен фалсификат.
Токму заради тоа, ќе се прегласуваат 13 избирачки места. Пред одлуката, во ДИК беа донесени кутии и се пребројуваа гласови од 1 гласачко место.