По барање на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими со 6 гласа „за“ и еден „против“, разрешена е Општинската изборна комисија во скопската опоштина Чаир и сите 13 избирачки одбори.
Во образложението на своето барање Бедредин Ибраими влезе во жестока дискусија со потпретседателот на ДИК, Сибхи Јакупи, споредувајќи ја работата на комисијата со обичен пазар.
Дел од атмосферата од дискусијата погледнете во видеото.
Како што НОВА предходно објави, Државната изборна комисија во петокот ноќта одлучи да се направи увид во гласачкиот материјал за Чаир за да се утврди дали се веродостојни изборните резултати во првиот круг за кои ДПА смета дека е направен фалсификат.
Токму заради тоа, ќе се прегласуваат 13 избирачки места. Пред одлуката, во ДИК беа донесени кутии и се пребројуваа гласови од 1 гласачко место.