„Логично беше човек да се надева дека барем трошка останало од правната држава, за жал Управниот суд ги одби жалбите“, изјави пред малку на прес-конференција Зоран Заев.
Целосното негово обраќање погледнете го во видеото.
Кандидатот за гардоначалник на Струмица на здружената опозиција Зоран Заев по одлуката за прегласување во Струмица во три избирачки места, предходно излезе со реакција за НОВА: Очекувана е политичка одлука од ДИК, затоа што тоа е политичко тело.
„За Управниот суд насекаде белото е бело, само за Струмица белото е црно. Во 120 избирачки места беа отфрлени приговорите, кои се всушност исти и за Струмица, но тука се донесе одлука за прегласување“, рече Заев.