Поголема група на граѓани која се издвои од останатата толпа, во моментов ја каменуваат полицијата која не дозволува пристап до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од граѓаните кои од Собранието се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја смират групата.
Во моментов кордон од специјалци со водени топови не дозволуваат демонстрантите да се доближат до партиското седиште.
Граѓантие бараат оставка од претседателот по одлуката за колективна аболиција на 56 лица. Според нив секој кој направил криминал без разлика дали е од власта или опозицијата треба да одговара.