На денешната прес конференција Државната изборна комисија ги соопшти општините каде што ќе има гласање во вториот круг.
Истакнато беше и дека согласно одлуките на Управниот суд, повторување на гласањето во првиот круг ќе има на три избирачки места во Општина Струмица како и на едно избирачко место во Општина Долнени.
Општините каде ќе има гласање во вториот изборен круг се:
Арачиново, Берово, Богданци, Битола, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново Облешево.
Во Охрид и Кичево нема да има прегласување во некои избирачки места, бидејќи тоа не влијае на конечниот резултат од изборите.