Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Чичаковски ќе го потпише Избирачкиот список

0
By Нова ТВ on April 17, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 17, 2016 11:30

Државната изборна комисија со 6 гласови „за“ и без присуството на членовите на СДСМ, вклучувајќи го и претседателот Чичаковски,  ја изгласа агендата со кои се предвидуваат сите постапки на останатите надлежни институции кои треба да ги почитуваат временските рокови за подготовка на изборите на 5 јуни.

Од денеска до 9 мај сите граѓани на Македонија кои престојуваат во странство повеќе од 3 месеци ќе имаат право да ги пополнат формуларите со цел користење на правото на глас во дијаспората. Избирачкиот список ќе биде достапен за јавноста од 25 април до 9 мај, кога сите граѓани ќе имаат можност да проверат дали ги има на Избирачкиот список. Истото ќе можат да го направат и политичките партии.

Тие во рок од 5 дена ќе имаат право да достават претставки до ДИК, а таа е должна во рок од три дена да им одговори. Политичките партии до 11 мај треба да ги достават листите на кандидати за пратеници. Предизборната кампања ќе трае од 16 мај до 3 јуни.

„На 9 мај завршува процесот на јавната проверка, потоа имаме плус 5 дена кои им се даваат на партиите за разгледување на нивните барања, а потоа следува рокот од 3 дена кои ги има на располагање ДИК, и други 24 часа кои ги има Управниот суд. Може да речам дека до 20 мај ние треба да го завршиме целиот процес со Избирачкиот список, што значи дека до 20 мај процесот за прочистување на избирачкиот список е отворен.“, рече Јакупи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски ја напушти вчерашната седница. Нејасно е дали тој по завршување на сите процедури на Избирачкиот список ќе стави потпис.

Другите членови на ДИК сметаат дека  работата на оваа институција е завршена успешно. Коментирајќи ја најавата на Чичаковски околу потпишувањето на Избирачкиот список, велат дека тој како претседател може да оспори едно сомнително гласачко место, а не и целиот Избирачки список, кој ќе биде изгласан од мнозинството членови. Членовите Албанци во ДИК велат дека самиот факт што нивното гласање не се совпаѓа со ставот на политичките партии е доказ дека тие ја завршиле работата професионално.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.