Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од „Шарената Револуција“: Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ

0
By Влатко Чаловски on April 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 22, 2016 21:44

Десеттиот ден „Шарена Револуција“ почна како и вообичаено пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, каде околу 1 час граѓаните им дадоа поддршка на обвинителите во оваа институција за нивната работа.

Мирниот протест кој започна пред СЈО, заврши пред Владата на Република Македонија, каде припадниците на Единицата за брзо распоредување и полицајците со спуштени штитови ги пречекаа граѓаните.

Во меѓувреме нов објект кој се здоби со симболот на „Шарената Револуција“ – разните бои, е седиштето на Агенцијата за медиуми, која воедно е и седиште на Агенцијата за млади и спорт.

sarenoЗа разлика од претходните протести, патот од СЈО кон зградата на ЕУ делегацијата беше прооден и немаше полициски блокади, а демонстрантите беа пречекани со звучници од кои ечеа стиховите „Во борба во борба“.

Пред да „се обои“ зградата на агенциите, револтираните граѓани порачаа дека „Ова беше парк“, алудирајќи на насилното рушење на паркот и дрвосечата која се случуваше во тензична атмосфера во доцните часови и кога уапсени беа членови на „Паркобраните“ кои деноноќно чуваа стража пред да дојдат багерите.

Демонстрантите вечерва упатија и неколку пораки преку организаторите на #Протестирам: Доаѓањето на овие протести се строго граѓански, без застапување на било која партија, дека потребно е како што велат, криминалците од власта да завршат во затвор но и дека оваа борба е борба и за оние кои се присилени и уценети да присуствуваат на контра-протестите.

dostaИлјадниците граѓани денешниот протест кој започна како и вообичаено во 18 часот, го завршија пред Владата на Република Македонија, без тензии и мирно.

Последната парола која беше исцртана на улицата „Илинденска“ пред Владата гласи „Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ“.

Подетално за тоа како хронолошки се одвиваа протестите можете да погледнете во видеото.

narod

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 16, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

ВЕСТИ May 16, 2026

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на…

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.