НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кај ви беше паметот?

0
By Биљана Секуловска on April 23, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обрачот околу Груевски одамна го има притиснато, се започна со бомбите на Заев, но сега е веќе сосема поинаква таа ситуација, далеку од тоа дека продолжи тоа тивко умирање. Амнестијата на Ѓорѓе Иванов, претседател на ужасната леснотија на постоење, го направи тоа политичко умирање на Груевски доволно брзо и премногу гласно. Ех, Џорџе, Џорџе, оттогаш упропастено е се, и тоа одеднаш и без потреба. Не велам дека не ужива поголем дел од граѓанството во брзиот тек на настаните на самоуништувањето на власта, лично удрено со печат на Груевски а со треперливи раце размножено од Иванов.

Но, некој таму, во онаа гротескна палата на ВМРО седи и си ја чука главата: кај ви беше паметот да се прогласите за невини пред да ве обвинат бе, со тоа сами на себе си потпишавте пресуда, цел свет ја носи по нотарски и адвокатски забави и наместо перики си ја врзуваат како чалма за журката да има смисла.

Доколку таа амнестија беше генијално осмислен план како преговарачки адут, последната операција на СЈО, ТНТ, го исфрли сосема од игра. Еден од инволвираните, инспираторите на рушењето на Космос е и Никола Груевски. Сега е невозможно повлекување на аболицијата за него или пак самиот пакет (56 луѓе), затоа што со тоа Иванов би го испорачал Груевски директно на истрага.

И не е тоа кој било- Груевски е човекот кој го измисли Иванов, неговиот татко, пријател, политички љубовник, син, отец и свет дух, неговото второ јас, ако не и прво и единствено. Идентитетски изгубен, Иванов повторно се запозна, се пронајде и се поздрави со самиот себе, тогаш кога прв пат го запозна Груевски. Но, тоа е стара приказна и веќе одамна кажана.

Уште малку за опколувањето на Груевски. Тука се веќе странците, бесот е доволно бучен за да го зашемети, а од она што чита, слуша и наслушува, секоја идна партија е сега изгубена.

Може тој, се може и понатаму. Сендвич анти-револуцијата е во игра, секој залак е ново давање, но тој не престанува да голта и да се стресува над сликата која му прелетува.

Сега веќе лебот мириса на земја, затоа што е прашање на време кога ќе ја бакне земјата за да се прости од неа и за да одлета каде никој нема да го препознае ниту пак праша зошто избегал. Тоа се фини, неупотребливи соништа за Груевски, затоа што каде и да отиде, нема да може да побегне.

Што му остана уште? На располагање се неколку автобуси од внатрешноста на земјата, горчливи сендвичи и анти-ЕУ иконографија, миленковци, по некој јанковец и слична заовставштина од добрите, стари времиња, кога контролата беше совршено злосторство.

Не велам дека хаосот во МВР и поделеноста треба да се игнорираат. Картата на која се игра а се фрла кај шарените револуционери, за да се прикаже дека е нивен џокер,  украинско сценарио.

Искуството покажува дека воведување санкции на автократски лидери и нивните најважни луѓе не вродува со плод, доколку не станува збор за комбинација на останати операции.

Ние сме на почетокот на шарената револуција, една од операциите кои се неопходни, но ниту една револуција бескрајно не трае. Паралелно претстојат уште многу акции, секоја зависи од претходната и следната, а центарот на се е СЈО. Буквата Т со која секоја од нивните операции започнува еден ден мора да заврши со ставање крај на теророт на тиранинот. Само така се би имало смисла. Онака како што обвинителката Фатиме Фетаи порача: No pasaran.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.