Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Божиновски веднаш да биде ослободен

0
By Нова ТВ on April 25, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 25, 2016 14:31

Собранието на Здружението на новинари на Македонија изразува силна поддршка за како што се наведува во соопштението „ неправедно обвинетиот и притворен колега Зоран Божиновски“.

– Бараме од судските власти Божиновски веднаш да биде ослободен од вина и да биде пуштен на слобода од Истражниот затвор во Скопје. Колегата Божиновски на 7 ноември 2013 година беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол како еден од осомничените во случајот „Шпион“ со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена според Кривичниот закон на Македонија и од тогаш се наоѓаше во екстрадиционен притвор.

Поради неможноста во Македонија да му се овозможи праведен судски процес и поради политичкиот прогон, Божиновски во меѓувреме побара азил во Република Србија. Тој ја чекаше одлуката од слобода, но и покрај настојувањата на здруженијата на новинарите на двете земји српските власти да му дадат азил на Божиновски тие му го одбија барањето и тој на 21 овој месец експресно беше екстрадиран во земјава и притворен, се вели во соопштението од ЗНМ.

– Уверени сме дека овој случај ќе биде забележан во историјата на македонското новинарство, како класичен пример за постигнување ефект на страв, дисциплинирање и самоцензура кај новинарите, истовремено уште една лоша  порака за останатите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот и целосно обесхрабрување на истражувачкото новинарство во земјава.

Нашата порака е јасна и недвосмислена – Божиновски мора да биде ОСЛОБОДЕН –  ВЕДНАШ!!! Неприфатлив е било каков друг исход од ова политички монтирано обвинение за негова наводна кривична одговорност.

Колега Божиновски, ние членовите на ЗНМ, со оваа Декларација изразуваме подготвеност и те уверуваме дека со заеднички сили ќе ја водиме оваа битка до краj, истакнуваат од ЗНМ.

ЗНМ. Божиновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.