Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измамник со донации за болни деца оперира на интернет

0
By Менче Атанасова Точи on April 25, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 25, 2016 15:43

Сомнителни апели за помош на болни деца кружат на социјалните мрежи. Граѓаните се повикуваат да донираат пари за тешко болни деца и да ги уплаќаат директно на сметка во банка. Некаде се бараат огромни суми на пари, како за пресадување на црн дроб на пример, интервенција која чини 130 000 евра. Во сите апели за помош се појавуваат имиња и фотографии од различни деца, а секој повик завршува  со сметка во банка на иста личност.

Човекот по име Ставре Грнев од Кавадарци во апелите за помош се појавува како татко на различни деца и бара граѓаните да уплаќаат средства за спас на животот на децата. Апелите за помош на социјалните мрежи се споделуваат од различни профили, што наведува на можноста дека станува збор за организирана група.

 

grnev viktorija SREDENA (1)

НОВА започна да го истражува случајот, откако некои луѓе забележале дека станува збор за измама, а една млада жена, Билјана Иљиевски од Прилеп ги анализирала и документирала повеќето апели.

„Доста време потрошив на ова. Знаете,нема подобар детектив од загрижена мајка“, рече Билјана Иљиевски.

Откога видовме за што се работи, НОВА пред да ја објави информацијата случајот го пријави во полиција. Истото го стори и нашата соговорничка.

slika so bebe
Десеттина дена од тогаш нема информации до каде е истрага на полицијата.

„Случајот е предаден кај надлежен инспектор кој понатаму ќе постапува по пријавите“, велат во СВР Велес.

Иако,македонската полиција бара пријавата да биде доставена од измамени граѓани, неофицијално дознаваме дека е побарана дозвола од обвинителство да се проверат сметките во банка на Грнев.

Очигледно, измамникот кој оперира не само во Македонија, туку и на поранешните ЈУ простори тоа го прави на најлесен можен начин играјќи на карта на емоции на граѓаните.

grnev so dete22

Нашите сознанија говорат дека пари се изнудувале и од наши иселеници во САД и Канада. Некои од нив контактирале и телефонски со Грнев, дури и му понудиле да купат апарат кој го олеснува дишењето на детето за што всушност собирал пари, но тој преку други со кои веројатно делува, одбил барајќи исклучиво пари на сметка. Во повиците за помош на болни деца има и сметка од странска банка, а во образложението пишува дека парите се префрлаат преку Вестерн Унион.

grnev komentar zamaglena

И додека македонската полиција го истражува случајот, граѓаните ги полнат сметките во банка мислејќи дека донираат за болни деца. Не се знае ќе има ли одговорност за ова лице и постои ли можност на измамените граѓани да им бидат вратени парите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.