Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) информираат дека вечер во девет градови ќе одржат народни собири. Во 19 часот собири ќе има во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово.
„Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина, велат од ГДОМ.
Тие ќе испратат порака дека на 5 јуни мора да има избори.
Ваквите протести на ГДОМ доаѓаат откако граѓаните обеиднети под движењето #Протестирам во изминативе четири недели протестираат во повеќе градови, по одлуката за колективна аболиција на Иванов на 56 лица.