Намерата беше Македонија да почне преговори за членство, можеби веќе на крајот на оваа или почетокот на идната година како награда од ЕУ за нашата соработка во мигрантската криза. Но, претседателот ја донесе одлуката за аболиција и земјата се врати на нула.
Ова е заклучокот на влијателниот Политико Брисел кој пред неколку дена направи рејтинг на земјите членки и земјите кандидати и нивното влијание во ЕУ.
Во својата табела на рејтинзи според влијанието, нашата земја се наоѓа на последна 32 позиција а зад нас е само Албанија која е на 33 место од 33 рангирани земји. Што значи дека Македонија има слаб амбасадор и слабо лидерство.
Намерата на ЕУ беше Македонија да почне преговори за членство, можеби веќе на крајот на оваа или почетокот на идната година како награда за нашата соработка во мигрантската криза. Но, претседателот Иванов ја донесе одлуката за аболиција и земјата се врати на нула.
Повеќе европски политичари и пратеници бараа од Европската комисија (ЕК) и ЕУ да ја наградат Македонија која ја спаси Европа од огромниот бран бегалци. Од повеќе страни доаѓаат дискретни најави дека тоа би требало да се случи и покрај грчкото вето. Брисел бараше начин како тоа да го стори и како да се избегне грчкото вето. Една од опциите беше почеток на процес на преглед на македонското законодавство. Но, како што заклучува Политико Брисел, напорите ги минираше аболицијата на Иванов. Земјата влегува во се подлабока криза.
НОВА побара коментар од шефот на македонската мисија при ЕУ г-дин Андреј Лепавцов но тој не сакаше да коментира и само изјави дека тоа е став на новинарите од Политико за што тој нема посебен коментар.
Дури и ако ги имавме најсилниот амбасадор на светот, тој ништо немаше да може да направи кога земјата е во длабока политичка криза и не може да му обезбеди на дипломатот кредибилни и валидни аргументи со кои тој потоа може да го гради своето влијание во европските институции.
Политико ги рангирал земјите според тоа дали имаат стабилна влада, дали имаат конзистентна стратегија во ЕУ, дали постои некоја област во која земјата високо се пласира, која е нивната тежина при донесувањето на одлуките на ЕУ, дали тоа што амбасадорот на една земја ќе го вети ви Брисел потоа владата го испорачува, дали амбасадорот има сојузници кај неговите колеги од другите земји, како го користат своето искуство или се само лојални на власта, дали нивните влади им се јавуваат за совет или амбасадорот е последен кој дознава за некоја одлука на неговата влада (како што е тоа пример со Унгарија) итн.
Деталите можете да ги прочитате на сајтот на Политико Брисел.
НОВА сакаше овие прашања да му ги постави на амбасадорот Лепавцов но тој не сакаше да коментира.
Без изненадување највлијателен амбасадор е германскиот Рајнхард Силберберг а Германија се наоѓа на прво место според влијанието во ЕУ.
Во истата група се Италија, Холандија која претседава со ЕУ, Велика Британија, Франција но и Турција.
Според Политико, Турција и ги врзала рацете на ЕУ со бегалската криза. Доказ за влијанието на Турција во ЕУ во моментов е и предлогот на ЕК за безвизен режим за турските граѓани.
Сите наши соседи од регионот се наоѓаат во истата група како и Македонија, земји со слаб амбасадор и слабо лидерство.
Сепак, Србија е на, за нас, завидното 19 место бидејќи, како што заклучува Политико, премиерот Вучиќ се наметнал како човек со кој Брисел може да соработува. Но можната блокада на Хрватска на српскиот пат кон ЕУ може да направи проблем.
За утеха, во групата на слаби амбасадор и слаби лидери се наоѓа и Луксембург пред се поради тоа што скандалот на даночно затајување ЛуксЛикс и нанесе голема штета на земјата.
И на крајот, да бидеме чесни и да си признаеме: дури и ако ги имавме најсилниот амбасадор на светот, тој ништо немаше да може да направи кога земјата е во длабока политичка криза и не може да му обезбеди на амбасадорот кредибилни и валидни аргументи со кои тој потоа може да го гради своето влијание во европските институции.