НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски:Фирма на Ѕинго добила средства од проектот „Јапонска помош“

0
By Нова ТВ on May 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски молчат за скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“, ВМРО-ДПМНЕ потврди се, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој побара одговорност за огромните злоупотреби на парите на штета на вистинските земјоделци.

– Цветков е должен пред граѓаните, земјоделците, пред целата јавност, да одговори на клучните прашања за кои се уште нема одговор: Врз која основа се повлечени овие средства? Во чии џебови завршиле стотици илјади евра? На ваков криминален начин во контитнуитет се раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од страна на кадрите на Љубисав Иванов Ѕинго. За жал, на штета на вистинските земјоделци. Скандалот со злоупотреба на парите од проектот „Јапонска помош“ не завршува со повлекувањето на стотици илјади евра од фирмата „Фактор консалтинг – рече Николовски.

Тој посочи дека корисник на „Јапонска помош “е и „ЗЕМСИЛ“, фирма ќерка на Силекс, којашто има добиено земјоделска механизација.

– Преку министерството раководено од кадрите на Ѕинго им се доделуваат средства на фирмите на Ѕинго!
Иако според овој преглед на должниците изработен токму од Комисијата на МЗШВ, изработен заклучно со 15.01.2016 година „Земсил“ ги нема подмирено обврските кон фондот сепак оваа фирма на Ѕинго редовно си добива десетици илјади евра субвенции кои се исплаќаат преку платежната агенција.Земсил РИК Силекс Кратово во 2014 на име субвенции добива 2.764.597 денари или околу 45.000 евра, иако според прегедот на комисијата е се уште должник кон фондот.

Од друга страна, на многу земјоделци во 2014 година им се укинаа субвенциите поради тоа што ја немаа подмирено обврската кон јапонската помош и добија такви решенија од платежната агенција.
Еве, ова Решение е доказ како на земјоделците им се укинуваат субвенциите поради долг кон програмата за Јапонска помош.Овој доказ во целост го демантираат тврдењата дека наводно било овозможено компензација односно пребивање на долговите.Не. Ова е потврда дека вистинските земјоделци се оштетени за пари да добијат фирми на власта  – истакна Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.