Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите од ЈИЕ со мерки против афлатоксинот во млекото

0
By Нова ТВ on April 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2013 10:52

На состанок на министрите за земјоделство и храна во Сараево се дефинирани мерките за решавање на проблемите со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи, во регионот на Југоисточна Европа.

Мерките опфаќаат воспоставување комуникација помеѓу институциите на земјите од ЈИЕ кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи, размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи, завземање заеднички став во превземање мерки и подготовка на акциски план за подобрување на комуникацијата и координацијата на ресорните министерства.

Земјите од ЈИЕ се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија, да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел – подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на ЈИЕ, како и со надлежните институции на ЕУ, усогласување на активностите поврзани со проценката и управување со ризик во земјите, вклучително и на воспоставување акциски план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна.

Исто така, договорено е да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од ЈИЕ и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна.

Се договорија и за воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна, вклучувајќи ги и земјоделците.

Се разгледа и можноста да се користи една референтна лабораторија за анализа на микотоксини во добиточната храна и храната во регионот или пошироко и да се стандардизираат процедурите за земање на мостри од храната и добиточната храна во согласност со прописите на ЕУ.

Учесниците на форумот заклучија дека треба да се воспостави протокол усогласен со ЕУ со кој ќе се дефинира како да се постапува со заразената добиточна храна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.