НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штипска болница:Инструирате лаги за ситно политички цели

0
By Менче Атанасова Точи on May 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководството на болницата во Штип реагира на текстот објавен на НОВА, со наслов Родилиштето во Штип како од времето на Втората светска војна, како и фотографиите кои беа објавени во него. Двајцата директори Александар Стојановски и  Елизабета Папарова сметаат дека текстот содржи лаги невистини и дека состојбата во родилиштето не е таква, како што се гледа од фотографиите. Заедно со нивната реакција која ја објавуваме во целост испратија и фотографии. Еве, што напишаа директорите на Клиничката болница во Штип.

„По повод лагите и невистините кои се пласирани во Вашиот медиум  инструирани од ситно политички цели, ве информираме дека динамиката која што ја има Одделението за  Гинекологија и акушерство  при ЈЗУ Клиничка болница во Штип  е  над 1000 раѓања годишно, при што  Менаџерскиот тим , свесен за потребите на Одделението  уште во почетокот на годината распиша тендер за набавка на нова опрема  и  набавени се :

  1. CTG апарати за мониторинг ( 4 броја) кои се во функција и  чинат 240.700.000 ден.
  2. Акушерски столови за породување ( 2 броја)  кои чинат по  515.160.000
  3. Нови Лед светла за епизиотомии ( 2 броја)  кои чинат 98. 816.000 ден. – заменети се и се во функција
  4. Нови столови за преглед кои се во функција

и чинат секој по 590.000 ден.

Исто така, набавени се нови ваги за бебиња, постелнина и ќебиња за 157.716.000 денари  и  во тек е завршувањето на Тендер, за два нови современи столови за породување.

Оваа апаратура  ќе овозможи проширување на гинеколошките  услуги и подобрување на здравствената заштита  на пациентките од целиот регион. За истата намена годинава отворивме и две амбуланти на Одделението за Гинекологија и акушерство и постојано услугите се следат од Комисија за контрола на квалитет, Комисија за интерхоспитални инфекции и напоменуваме дека Штипската болница по стандардите за квалитетно пружање на здравствените услуги  е меѓу првите пет во Републиката“, се вели во реакцијата на раководството од штипската болница.

НОВА стои зад текстот и зад фотографиите кои се објавени, а од кои се гледа катастрофалната состојба на родилиштето. Од фотографиите кои се направени на почетокот на април може да се види дека нема никаква нова опрема, ниту ваги за бебињата и нови постелнини и ќебиња, напротив родилките лежат на искинати чаршави, стари кревети, бебињата се мерат на рѓосана вага.

Лекарски извори за НОВА тврдат дека освен ЦТГ апарат таму нема ништо друго набавено.

Како што се гледа и од реакцијата погоре, тендерот кој бил распишан на почетокот на годината се уште не е завршен.

Откога беше објавен текстот, НОВА од свои извори во болницата дознава дека на гинеколошкото, популарно наречено акушерско одделение и во салата за породување имало големо раздвижување. Се носел инвентар и светла од хирургија.  Се правеле фотографии за да се прикаже состојбата во поинакво светло. Истото го потврдија и трудници кои престојувале таму. Тие фотографии потоа беа испратени во редакцијата на НОВА.

За илустрација, Ехо апаратот и гинеколошкиот стол кој е нов и неупотребуван , не е од одделот каде што се породуваат жените, туку од делот каде што се вршат прегледи, кој се наоѓа на спротивниот крај.

stip3

Од фотографијата се гледа дека неупотребуван стол за гинеколошки прегледи на кој уште не му се извадени најлоните е дел од Ехо апаратот, за кој нашите извори тврдат дека е принудно донесен во родилиштето и ставен на незгодно место, пред вратата. Во позадина се гледаат старите кревети.

Всушност, и од фотографијата каде што се врши Ехо преглед на трудницата  во одделот за прегледи може да се види дека гинеколошкиот стол стои нераспакуван, а младата жена лежи на обичен кревет. За кого служи тој стол тогаш, ако не за пациентките?

stip44

„На гинеколошкото одделение докторот си седи во собата, породувањето го вршат акушерка и една болничарка. Нема никакви светла, како што прикажуваат. Мене докторот ме шиеше без светло“, изјави за НОВА млада жена која таму се породила пред неполн месец. Нејзиниот идентитет нема да го објавиме поради можност од реперкусии.

stip1

Информацијата која ја објави НОВА предизвика многу реакции кај граѓаните и на социјалните мрежи. Една мајка, револтирана од нехигиената и лошите услови во детското одделение токму во штипската болница испрати фотографија од која се гледа како мравки пливаат во лончето од кисело млеко во кое на нејзиното дете му бил послужен чај заедно со појадокот.

stip6

Згора на ова, локалните медиуми информираат дека ова одделение се соочува со недостиг на среден медицински персонал. Во родилната сала работат само четири медицински сестри и шест на неонатологија. Проблемот со недостиг на доктори од пред неколку години го решаваат со специјалисти од другите градови и со пензионирани доктори. За овој проблем директорот не ја информира јавноста.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.