На трите гласачки места во Струмица, денеска гласат 34 болни лица. Гласањето почнало околу пладне, откако избирачките одбори го подигнале гласачкиот материјал од Општинската изборна комисија.
Во Струмица утре ќе се прегласува првиот круг за избор на градоначалник во избирачките места 1727, 1734 и 1730.
Избирачките одбори денеска им овозможија гласање на болните и изнемоштени во Велес, како и на граѓаните кои издржуваат казнена мерка, куќен притвор. Тие треба да посетат вкупно 878 болни велешани или за 203 повеќе од првиот изборен круг.
Во Велес денеска гласаат и 4 граѓани кои се во куќен притвор. Според податоците на Општинската изборна комисија своето право на избор на градоначалник го користат и 59 велешани кои се на издржување на казна затвор, надвор од градот а нивните гласачки ливчиња ќе и бидат испратени на комисијата најдоцна до утре.
И во Скопје се гласаше во казнено поправните домови и во затворот во Идризово каде право на глас за градот Скопје имаат 264 затвореници, а за останатите 29 општини 340 гласачи.