Значајно поголем број на изнемоштени и болни гласачи отколку во првиот круг на локалните избори, покрај во општините во источна Македонија, е пријавен и во Битола и во Ресен.
Во Битола за гласање дома се пријавиле 206 лица, што е за 44 повеќе отколку во првиот круг, јавува Телма.
Во Ресен, пак, вкупниот број на болни и изнемоштени изнесува 300 лица, а вкупниот број гласачи во овој град е околу 16 илијади граѓани со право на глас.