НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што после гласањето?

0
By Нова ТВ on April 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гласањето за вториот круг од локалните избори и прегласувањето почнува во 7 часот, а завршува во 19 часот.

Записниците и другиот изборен материјал од гласањето, избирачкиот одбор ги доставува до општинските изборни комисии во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Општинските изборни комисии во рок од седум часа ги објавуваат првичните резултати, јавува МИА.

Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за градот Скопје.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите, а конечните резултати во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Против решението на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до ДИК и тоа во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука за приговорот, подносителот на приговорот по кој одлучувала комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата.

Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постпаката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот на приговорот да донесе одлука која пак може да биде обжалена пред Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Политичките партии се должни веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на изборната кампања да поднесат вкупен финансиски извештај за изборната кампања. Рокот истекува на полноќ на 21 април. Извештајот се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии и тој се поднесува до ДИК, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, Собранието на Република Македонија, а за локалните избори и до Советот на општината и Советот на градот Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.