Два чартер лета се најавени да слетаат на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во текот на претпладневните часови.
Авионите со гласачи од дијаспората пристигаат за да гласаат на вториот круг од локалните избори. На аеродромот во Охрид за вчера беа закажани слетување на три чартер лета, два од Италија и еден од Швајцарија.
Вонредни чартер линии од европските дестинации има и на аеродромот во Скопје.
Како што јавува „Охрид прес“, Македонците од Струга кои живеат во Швајцарија преку социјалните мрежи се организираа да дојдат во родниот град за да можат да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори. Македонската заедница во Швајцарија за сите заинтересирани организираше бесплатен превоз од Женева, Швајцарија до Република Македонија.