Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бачев: Скандалозна е одлуката на ДИК за отфрлање на нашите листи

0
By Нова ТВ on May 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2016 16:46

Претседателот на Народно движење за Македонија (НДМ) Јако Бачев, вели едка скандалозна е одлуката на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ.

„ДИК ги отфрли листите на НДМ бидејќи не сме доставиле копија од лична карта на кандидатите и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.

Се поставува прашањето зошто ДИК поставил два дополнителни правно невтемелени услови што значат кршење на Изборниот законик.

Според нашите информации германскиот посредник Јоханес Хајндл на средбите со Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им оставил да одберат една од трите варијанти за свикување на собранието и одложување на изборите: 1. Иницијатива до Уставниот суд (реализирано од ДУИ), 2.  Известување од ДИК до Собранието дека во три изборни единици има отстапување од дозволениот број на гласачи по изборна единица (реализирано од ДИК) и 3.  да се отфрлат листите на НДМ и да се креира ситуација дека е недозволиво во едно демократско општество да има избори само со една изборна листа (оваа операција е во тек).

Со еден збор листите на НДМ се еден вид на колатерална штета.

Како и да е, според логиката на правото и запишаното во Изборниот законик, листите на НДМ за кандидати за пратеници треба да бидат потврдени, а според логиката на политиката и политичките сценарија листите треба да бидат отфрлени.

За НДМ нема дилема. Изборите не се за еден момент туку процес во кој треба да дојде до разбивање на двопартизмот на две партии кои 25 години се менуваат на власт а на земјата не и оди добро.

Оттука, ако нема избори на 5-ти јуни, ќе има избори на 5-ти во некој друг месец.

Најбитно е што НДМ го започна процесот на демонтирање на политичкиот мнопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, решително, храбро, и во интерес на народот.“ вели Бачев.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.