Секторот за внатрешни работи од Охрид регистрирал две прекршувања на изборниот процес во рамки на гласањето во вториот круг од локалните избори во Струга, јавува Радио Слободна Европа.
Портпаролот на секторот Стефан Димоски изјави дека двата настани се случиле во две избирачки места во струшкото село Радолишта.
Според него, во првиот случај се работи за 24-годишен албански државјанин кој се обидел да гласа со македонски документи, по што е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на избирачко право.
Во друго избирачко место, како што информира Димоски физички е отстранет набљудувач од една политичка партија од страна на избирачкиот одбор.