Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Ќелија: Петмина осудени на затворски казни од 2 до 4,5 години

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2016 13:50

 

Петтемина обвинети во случајот „Ќелија“ кои ја признаа вината денеска добија затворски казни од две до четириипол години.

Ова беше прв случај во Македонија кој беше поведен против лица кои заминуваат во странски војски и кои се борат на воените жаришта на Блискиот Исток откако во септември 2014. се воведени законски услови за кривично гонење за ова дело.

Иса Фуга е осуден на 4 и пол години казна затвор,Абдула Абдулахи за учество во странска војска е осуден на 3 години и 1 месец, Ерол Рустеми за учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација на 4 години затвор, додека Мухамед Имери и Стефан Стефановски за учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација се осудени на двегодишна казна затвор.

Обвинетите не беа донесени во судницата.

Судијата Ѓоко Ристов рече дека одлуката ја донел врз основа на Законот за одмерување на казните, имајќи ги предвид олеснителните околности за обвинетите дека дел од нив се во брачна заедница, дека имаат деца, дека не се осудувани и дека ова е прво кривично дело кое го сториле.Според него, висината на казната треба да има специјална, но и генерална превенција за повторување на делото.

Петмината во понеделникот го признаа делото и изјавија дека одлуката ја донеле по сопствена волја и без притисок.

Претходно, по спогодбата за вина, на другите шестмина обвинетите им беа определени казни од  5 до 7 години казна затвор. Оџата Реџеп Мемиши, за делото учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации е осуден на казна затвор во траење од 7 години, Ахмет Дарлишта за истото дело на 5,5 години, додека Фазли Суља, Сејфула Едемовски, Шеху Мухамед и Ресуљ Саити, осомничени за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации се осудени на 5 години затворска казна.

Ќелија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.