Во Битола е можно прекинување на гласањето заради поројните дождови, јавува ТВ Тера. Претседателот на ОИК Зоран Насев, изјавил дека чекаат став на Државната изборна комисија, за тоа дали ќе биде прекинатото гласањето на три избирачки места во Битола.
Станува збор за избирачките места 117 и 118 во месната заедница Панде Кајзерот, каде лично Насев се појавил гласачкото место. Исто така побарано е мислење од ДИК и за гласачкото место 199 во Секирани.
Попладнево е закажана итна седница на кризниот штаб во Битола, заради поројните дождови кои го отежнуваат функционирањето на градот.