Во “Домот на градежниците” во Центар, на две избирачки места членовите на ИОК пријавиле нерегуларности- гласачи од Пустец, после што дошла полиција, јавуваат за НОВА извори од избирачките одбори.
Во видеото погледнете една жителка од Пустец која не ја знае својата адреса на живеење.
Претходно, информациите од речиси сите избирачки места во општина Центар говорат дека во последните два часа од гласањето евидентно е организирано „излегување“ на фантомските гласачи од Пустец.
Полициски службеници „Алфи“ со службени возила ги носат фантомските гласачи на гласање, додека на граѓаните им биле одземени мобилните телефони на кои било снимено гласањето.