Избирачките места навреме се затворени во 19:00 часот, освен на осум, каде поради прекин, гласањето е продолжено.
Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски, изборниот ден помина во најдобар ред.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше дека од страна на избирачките одбори, ниту во Центар, ниту во било која друга општина нема пријава до полицијата дека треба да реагира во ситуација со граѓани за кои се претпоставува дека се од Пустец, а кои според снимките објавени во медиумите, не знаат на која улица во Скопје живеат.
– Со оглед на тоа што до нас нема никаква пријава од овластено лице од избирачките одбори не би можела да ги коментирам сите шпекулации што можеби се јавуваат на социјалните мрежи или во некои од медиумите кои секако дека најдобро знаат што е целта од објавување такви информации. До овој момент до МВР нема доставено претставка или повик за интервенција со таква или слична содржина – рече министерката Јанкуловска на вечерашната прес конференција.
Таа објасни дека граѓаните на Република Македонија покажуваат сè повисока демократска свест во секој нареден циклус. Изборите, според МВР, се фер, демократски и мирни.