Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, каква што се очекуваше, во која граѓаните може слободно да ја изразат својата волја, оцени потпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи.
– Нашите информации говорат дека изборите помаа во мирна атмосфера со неколку забелешки од страна на набљудувачите и политичките партии, но тоа не влијае на нарушување на изборниот процес. ДИК презема и ќе преземе се и тие да се остранат, изјави Јакупи.
Додаде дека изборниот процес ги исполнува сите услови за фер и демократско гласање на кое граѓаните слободно можеа да ја изразат својат волја.