Обвинувањата за нерегуларностите во текот на избирачкиот процес вклучително и оние за гласачи од Пустец за владеачката ВМРО-ДПМНЕ се очекувано сценарио на опозициската СДСМ.
„Обвинувањата за нерегуларности за нас и за вас граѓаните се очекувано сценарио на СДСМ бидејќи опозицијата нема како да го оправда поразот пред своето членство”, велат во ВМРО -ДПМНЕ.
Според првичните информации со кои располага оваа партија, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во Чешино, Облешево, Старо Нагоричане, Јагуновце, Ресен, Лозово и Карбинци.
Со значителна предсност кадинадите на оваа партија се во општините Битола, Кавадарци, Велес, Бутел и Кочани.
На ниво на град Скопје од досега пристигнатите резултати водството на Коце Трајановски е огромно, односно оти тој има освоено 71.000 гласови, наспроти 36.000 за кандидатот на СДСМ Јани Макрадули.