„За жал како и пред 4 години нашата победа е украдена. Не губете надеж, секогаш ќе бидеме заедно на страната на правдата“, изјави вечерва Аце Коцевски кандидат на здружената опозиција за градоначалник на Велес.
– Еден ден можеби велешани сами ќе можат да си ја одберат својата иднина без закани и присила, и тогаш некоја нова генерација која ја заслужува историјата на овој револуционерен град ќе може да продолжи таму кај што застанавме. Ова не беа ниту фер, ниту демократски избори, додаде Коцевски.