„И покрај Пустец и покрај Мала Преспа, победивме во Центар“, ја објави својата победа вечерва во прес-центарот на СДСМ, кандидатот на опозицијата за нов градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.
„Не победив јас, рече Жерновски, победија граѓаните на општина Центар нив им се заблагодарувам, бидејќи победи нивната чест и решителност.“
„Никола Груевски, вели дека работата во Центар се уште не готова – работата е готова, нека не се залажуваат да го прават истото сценарио како и во првиот круг“, рече Жерновски и додаде – Тој им кажа на своите џабе е ако победиме во Македонија, а не победиме во Центар. Со победата во Центар падна идеологијата, падна антиквизацијата на оваа власт.
На крај Жерновски истакна дека е длабоко убеден дека со победата во Центар започнува пролетта во Македонија.