Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, доцна вечерва упати јавен апел до Општинската изборна комисија од Центар да ги достави целосните резултати од гласањето од уште 32 избирачки места.
Според Кондарко, досега се добиени резултатите од гласањето од 34 од вкупно 66 избирачки места во општина Центар.
Според преброените гласови во овие избирачки мести, односно од обработени 63,64 отсто гласови, Андреј Жерновски, кандидатот на здружената опозиција води со 52,21 % од гласовите, наспрема Владимир Тодоровиќ од ВМРО – ДПМНЕ кој освоил 45,10 %.
ДИК ги објави целосните резултати за 27 општини
Струга – Победи Зијадин Села од ДПА со 57,3 отсто, а Владимир Кочоски од ВМРО-ДПМНЕ 42,15 проценти.
Гласовите се уште не се целосно обработени во Скопје и Чаир.
Во Скопје, од 93,47 отсто обработени резултати, води Коце Трајановски со 60,3 отсто од гласовите, пред Јани Макрадули со 35,61.
Во Чаир, од обработени 82,26 отсто, води Изет Меџити од ДУИ со 63,97, а Мухамед Тачи од ДПА има 26,23 отсто.