Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ предложи нејзини 6 члена да бидат дел од новата Комисија за утврдување на одговорност на Претседарелот околу одлуката за аболиција, која брои вкупно 11 члена. Останатите би биле по два члена од СДСМ и ДУИ и еден член од ДПА. За опозицијата овој предлог е непригатлив, бидејќи според соодветна застапеност на пратениците, СДСМ и коалициските партнери заслужвуваат три, а не два члена.
– Немате право да го правите ова. Доставивме писмен предлог со три наши членови. Погледнете го соодносот. Вие можевте и со ДУИ да имате мнозинство, но очигледно е дека не му верувате на ДУИ. Ќе се бориме со сите алатки. Лошо е дека некој мисли дека Соранието е приватна фирма. Ова е неодбранливо. Човекот има постапено неуставно. Вие сакате да се напише солиден извештај во кој ќе се борите Иванов д се прогласи дури и за херој. Никој не ви верува дека сте против аболицијата. Објаснете зошто имате шест члена, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.
Тој посочи дека не може да се игнорираат пораките на Хајндл и Хојт Ји дека аболицијата мора да биде повлечена.
Пратениот Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ посочи дека владејачката партија е против аболицијата, но сепак, тоа е уставно право на Претседателот.
-Комисијата нема да носи заклучоци туку технички ќе го достави извештајот до Собранието. Одлуката ќе се носи на пленарна седница. Ние не поднесуваме сметки на странските фактори, туку полагаме сметка само пред народот, рече Илиоски.
Сугарески вели дека Комисијата мора да напише извештај дека грубо е прекршен Уставот, нешто што по одлуката на аболиција јавно го образложија еминентни професори од Правниот факултет.
Албанските блок ДУИ – ДПА исто така ја поддржува иницијативата на СДСМ.
– Свесни сме дека иницијатвата нема да помине. Поддршка од ДУИ имате, затоа што ние сме еден од првите субјекти кој побарал Иванов да ја повлече аболицијата и ние ќе инсистираме на тоа, рече пратеникот од ДУИ Рафиз Алити.
Според пратеникот од ДПА Имер Алиу предлогот Комисијата да брои шест члена од ВМРО ДПМНЕ е неисправен. Тој побара уште еднаш да се разгледа соодносот на членовите со цел да се види каде ќе одат одлучувачките гласови од ДУИ.
Во моментив е во тек пауза од еден час.