Барак Обама стана првиот американски претседател кој го посетил местото на првиот напад со атомска бомба, допатувајќи денеска во Хирошима.
Откако положи венец на вечниот пламен во сеќавање на жртвите, Обама порача дека светот има заедничка одговорност да спречи такво страдање да не се случи повтроно.
Како што рече тој, неговата посета, која следи по одржувањето на Самитот на Г-7 во Јапонија, е во чест на сите загинати во Втората светска војна.
Американскиот бомбардер Б-29 врз Хирошима фрли нуклеарна бомба од 15 килотони на 6 август 1945 година убивајќи 80 илјади луѓе. Три дена подоцна бомба беше фрлена и врз Нагасаки.