На подрачјето на Центар, извесен Д.С.(1967) поднел записник за примање кривична пријава против НН лице член на избирачка комисија на гласачко место бр. 2867 во Скопје лоцирано во ОУ “Коле Неделковски“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Повреда на избирачко право“ по чл. 159 од КЗ на РМ.
Како што информира СВР Скопје, тој пријавил дека вчера околу 17,30 часот со намера да го оствари своето гласачко право отишол на гласачкото место, но откако влегол на гласачкото место и ја дал личната карта на засега непознато службено лице кое што ги спроведувало изборите, настанала гужва на гласачкото место, по што при таа гужва службеното лице му ја одзело личната карта, ја ставило во џеб и му кажало дека не може да гласа, по што лицето ја напуштило просторијата и отишло во непознат правец.
Поради ова од страна на полициски службеници се преземени мерки и дејствија и извршени се проверки кај полициските службеници кои што го обезбедувале процесот на гласање на гласачкото место 2867 и констатирано е дека полициските службеници кои што го обезбедувале избирачкиот процес, биле информирани за настанот на гласачкото место бр.2867, но од страна на претседателот на избирачкиот одбор, не е побарана полициска интервенција.
Настанот е пријавен и во Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија “Центар“.
Од страна на СВР Скопје во тек се проверки со цел расчистување на случајот.