Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена Револуција: Иванов да се повлече заедно со сопствените одлуки

0
By Нова ТВ on May 30, 2016 Uncategorized
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2016 20:54

Претседателот Иванов итно да ја укине целосната аболиција на 56 лица, а потоа и да си замине од функцијата претседател, побараа на денешниот протест демонстрантите на Шарената револуција. Со главен транспарент „Хорхе, ти си срам за Македонија“, демонстрантите изразија револт за низата јавни настапи на Иванов, со кои што сметаат дека тој ја срами целата држава.

Шарањето на лицата со боја на демонстрантите започна традиционално пред Специјалното обвинителство. Оттаму колоната демонстранти се упати кон Триумфалната порта каде завршија балоните со боја. Граѓаните револтирано скандираа на кордонот од полицајци пред Портата, но полициските службеници се пволекоа настраан што започна бојадисувањето, за кео беше употребен и чатал.

триумфална

Досегашниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски пред присутните порача дека власта попушта пред притисокот на Шарената револуција и затоа граѓантие мора да истрат во своите барања. Тој потсети и за сите скандали кои ги открил додека бил на функција во министерството.

– За жал или за среќа, шест месеци бев дел од узурпираните институции на Никола Груевски, во министерство кое тоне во криминал. Видовме како фалсификувале договори, како парите место кај земјоделците оделе кај медиумите блиски до власта, како пасишта се доделувале на новинари блиски до власта. Бидете сигурни дека ќе одговараат и парите ќе ги вратат во Македонија и на граѓаните, рече Николовски.

Демонстрантите не ги заборавија ниту членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се во домашен притвор поради демолирање на народната канцеларија на Иванов. Активистката Жаклина Мијалковиќ во пресрет на утрешното судење на членовите на Левица, притворентие демонстранти  ги спореди со бели орли кои не се помируваат.

-Моите другари Здравко и Владимир утре имаат судење. Им се суди за нешто што не го направиле. Ќе ги искористам зборовите на мојот ментор, има два вида на луѓе: патки и орли. Патките постојано се жалат, а вторите се орли, ќе се вивнат високо и ќе го здогледаат пленот. Е такви се моите другари, решија да бидат орли и да не се помируваат. Јас сум убедена дека сите овие бели орли ќе успеат во намерата, на овие криминалци ќе им дојде крајот. Тие ќа завршат во Идризово, а ние ќе шетаме слободно, рече Мијалковиќ.

Активистката и актерка Симона Спирковска го потсети Иванво оти мора да ја повлече аболицијата и  да си придонесе оставка. Освен тоа, во својот говор Спировска кон екс премиерот Груевски упати иронично „фала“, оти тој се пожалил дека никој не се забалгодарил за неговите проекти досега.

– Нема да ти ги заборавиме сите украдени медиуми, Тамара, Мартин, малтретирањето на студентите и средношколците.За сите ќе ни платиш Николај. Додека ти се бориш да си ја спасиш сопствената кожа, евентуално и кожата на батко ти Сашо, ние се бориме за демократија. Додека ти и фикусот го браните ајварот, ние ја браниме демократијата. Играјте си вие слободно со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго, порача Спирковска.

Протестот заврши мирно, со најава дека утре во 18 часот граѓантие повторно ќе се соберат пред СЈО.

фото

Граѓаните обединети под Шарената револуција веќе осум недели преку протести бараат повлекување на целосната одлука за аболиција и оставка на Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Се до исполнување на овие барања, тие најавуваат дека нема повлекување од улица.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.