Автоматско преземање на настаните кои се закажани на социјалната мрежа Фејсбук со поголема прегледност и брзина, се дел од карактеристиките на новата верзија на Сервисот за објавување настани на веб сајтот Time.mk.
Овој агрегатор на вести и досега имаше сервис за објавување настани, но во старата верзија корисниците сами требаше да ги внесуваат настаните и најчесто тоа беа копии од настани од Фејсбук.
„Затоа во новата верзија се потрудивме автоматски да ги превземаме настаните од Македонија кои можат да се најдат на Фејсбук, да ги категоризираме според местото на случување, да ги сортираме според време (денес, утре, задутре, неделава, итн.) и да ги сортираме по популарност/посетеност“, вели сопственикот на Time.mk Игор Трајковски.
Целиот процес е автоматизиран. За да настанот на некој корисник се појави на time.mk/nastani/ потребно е да биде јавен и да биде пријавен на македонска локација.
Во моментот овој сервис има десктоп верзија, а наскоро ќе биде достапен и на мобилната верзија.




