Во Македонија не се решаваат суштински постоечките поделби на меѓуетничките односи, правата на Ромите не се почитуваат, дискриминацијата постои во општеството а лустрацијата не треба да биде инструмент на одмазда.
Ова се заклучоците на комесарот за човекови права на Советот на Европа кој денес го објави својот извештај за нашата земја критикувајќи ја повеќе области.
Во текот на неговата посета во Македонија во номеври 2012 година комесарот Нилс Муижниекс пред се констатира дека од потпишувањето на Охридскиот договор во 2001 година е направено многу во сферата на правичната застапеност. Но, “длабоката политизираност долж партиските линии и феноменот на политички патронат“ се пречка за вистински напредок во општеството кое во меѓуетничките односи се комплексни, а постојните поделби не можат да се решаваат на површен начин.
Комесарот упатува повик во македонските политичари дека “нивната оставнина ќе зависи од нивниот конкретен придонес кон градењето интегрирано општество“. Според комесарот политичарите треба “недвосмислено да ги осудат насилните инциденти како што се оние што се случија во првата половина на 2012 и да се стремат кон остварување сеопфатни политики за да спречат такво нешто да се случи во иднина“.
Помеѓу забелешките на комесарот за човекови права се и политиризаноста на образованието кое доведува до меѓусебно реванширање за она што се доживува како неправди. Со ова нанесува штета на децата и младите од различните заедници кои, наместо да се запознаат и да учат едни од други, со политизираното образование се оддалечуваат.
Улогата на медиумите и овде е нагласена како ислучително важна за подобрување на меѓуетничката толеранција и неопходноста тие да се воздржуваат од стереотипи и разгорување на постоечките тензии кога тие постојат: “комесарот не се зафати со опсежна анализа на оваа тема, се чини дека постои разлика во тонот и акцентот во известувањето за прашањата од меѓуетнички карактер, вклучувајќи ги и меѓуетничките инциденти во првата половина од 2012, зависно од јазикот што го користат медиумите и нивната публика“.
Голем дел од извештајот на комесарот за човекови права се однесува врз состојбата на Ромите кои живеат во квартови каде сиромаштијата и условите за живот се едниставно неприфатливи. Комесарот ги повикува властите “итно да изготват и спроведат соодветни стратегии за надминување на проблемите со кои се соочуваат Ромите во врска со пристапот кон квалитетно образование, вработување, здравствена заштита и домување“. Се бараат сериозни напори да се “спроведе интегрирана политика на домување и да се спречи создавањето нови подрачја на сегрегација“.
Сиромаштијата на Ромите е проблем и во заканите дека на Македонија ќе и бидат одземени слободното патување во ЕУ и вратени визите. Од декември 2009 па до крајот на ноември 2012, на околу 7000 македонски државјани им било спречено излегување од земјата а во оваа бројка “Ромите се очигледно непропорционално засегнати од мерките на излезни контроли и конфискувањето на патните документи, што во суштина е еквивалентно на забрана на патување“, вели извештајот.
Комесарот вели дека е целосно свесен дека државите треба да ги контролираат границите а тоа и ЕУ го бара. Но, загрижува тоа што тие мерки се применуваат преку профилирање.
“Властите тврдат дека тие контроли не се насочени кон некоја конкретна етничка група, но постојат јасни индикации дека Ромите се непропорционално засегнати со овие мерки на излезни контроли а истовремено, јасно е дека македонските власти изготвиле профил на потенцијален барател на „неоснован“ или „лажен“ азил врз основа на информациите што ги добиваат од земјите од ЕУ“, вели извештајот. Освен тоа има индикации дека пасошите редовно им се одземаат на лицата кои се присилно вратени од ЕУ.
Иако бројот на лица од Македонија и Србија кои добиле азил во некоја земја на ЕУ е низок се движи од 0 до 14,3 отсто, тоа сепак, за Советот на Европа, укажува дека некои од лицата можеле да докажат дека им е потребна меѓународна заштита во други европски земји.
Говорот на омраза и етничка нетрпеливост на фудбалски навивачи и судирите меѓу навивачите се исто така го загрижуваат комесарот за човекови права. За ова извршителите добиле благи санкции.
Комесарот ја посетува македонските политичари дека треба да се борат против расизмот и расната дискриминација во сферата на спортот.
“Спортските клубови и федерации треба да се соочат со проблемот на расизмот во спортот, јавно да ја покажат својата посветеност кон борбата против таквата појава, и во случај на расистички дела сторени во тек на спортските настани да бидат земени на одговорност“, вели извештајот.