Комесарот за проширување и европска соседска политика на Европската комисија Штефан Филе денеска пристигнува во посета на Македонија.
Тој ќе има протоколарна средба со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе одржи свое обраќање на седница на Националниот совет за евроинтеграции.
На последната своја посета на Македонија, на почетокот на март, еврокомесарот Филе успеа да издејствува договорот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски о што беше надмината политичката криза во земјава.
Дел од дговорот беше формирање на комисијата која треба да ги истражи инцидентите од 24 декември минатата година, чиј рок истекува на на 15 април, кога треба да биде објавен пролетниот извештај од Европската комисија.
Како што објави НОВА комисјата треба да ја заврши својата работа во рок до 60 дена, односно не подоцна од средина на септември.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов неодамна изјави дека е во тек формирањето на комисијата која треба да ги утврди фактите за настаните и случувањата на 24 декември, но дека тоа е на ниво на партии, кои се усогласуваат и веќе ги дале своите кандидати.
– Сега е на ниво на генерални секретари кои се обидуваат да најдат согласност за претседателот на Комисијата бидејќи тој треба да биде избран од двете партии заедно, така што тие се во постојана комуникација, имаат средби, консултации и веројатно ќе се изнајде решение, ќе имаме еден кандидат за претседател кој ќе ја води Комисијата, рече шефот на државата.