Додека политичарите ја нарекуваат „шампион на слободата“, Маргарет Тачер кај рокерите не беше омилена.
Причината за непопуларноста на “челичната дама“ меѓу рокерите и младата популација, секако е конзервативната политика.
Исто така нејзиниот премиерски мандат (1979 -1990) се поклопи со будењето на панк движењето во Велика Британија, па тогашните рокери жестоко ги критикуваа нејзините потези.
Песната од Pink Floyd, “The Fletcher Memorial Home” (1983) е само една која го одсликува тоа време.
Станува збор за песна на Роџер Ватерс која се појави на албумот “The Final Cut”. Иако во само еден дел од песната се спомнува британската премиерка, авторот решил да ги критикува сите светски водачи после Втората светска војна. Маргарет Тачер се најде во друштво со Роналд Реган, Леонид Брежњев, Џозеф Мек Картни и Ричард Никсон. Во песната тие се наречени „големи деца“ и „неизлечиви тирани“.