ВНИМАНИЕ !!!
Сакам да и’ се заблагодарам на целата Твитер заедница.
Нивната инвентивна и духовита реакција на црната кампања на власта против мене покажа дека со лаги, манипулации и оцрнување без причина, не се станува градоначалник на Центар 🙂
Признавам дека ја искривив Крива Паланка.
Признавам дека во второ одделение на писмена по математика препишав една задача.
Признавам дека во УЈП не пријавив едно возило (количката на син ми).
Признавам дека во Пустец бев во друштво со Чак Норис.
ТВИТЕРЏИИ… ПОЗДРАВ !!!
Инаку, пред да се заблагодари Жерновски, еден твитерџија напиша: #Жерновски утре ако е муж ќе застане у Центар и ќе рече “ШО ПИЕ ТВИТЕР?”