НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филе: Имиџот на Македонија не се подобрува

0
By Нова ТВ on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај настаните од 24 декември, Македонија постигна напредок во реформите кои се во согласност со целите на пристапниот дијалог на високо ниво. Сега е најважно да се формира Анкетната комисија која ќе ги расчисти настаните од 24 декември, а партиите да потпишат меморандум за посветеност кон евроинтеграциските процеси.

Ова го порача, меѓу другото, еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции.

Од суштинско значење е, рече Филе, Владата да го продолжи дијалогот со новинарите. Ова, според него, е клучен период за земјата пред претстојниот извештај на ЕК.

Еве што им порача Филе на пратениците и другите членови на Националниот совет за евроинтерграции кој заседава во собранието.

„Не е важно што било и колку време поминало. Јас имам едно прашање: Уште колку сакате да чекате? Бидете одговорни! Ова е ваша држава! Ваши граѓани! Како можете да не бидете одговорни во година во која на декемврискиот самит се пратија најсилни пораки за поддршка за Македонија во последните години. Помогнете ни да ви помогнеме.

– Барате одговорност од ЕУ! Јас сум одговорен. Затоа трет пат сум тука! За да покажам одговорност и посветеност. Ние сме заинтересирани за напредокот и таа е таа агенда. Но вие… Некои од вас не се во таа насока! Имиџот на Македонија не се подобрува, ни во Брисел, ни кај земјите членки!“

Во врска со локалните избори оцени дека тие биле добро организирани, слободни и компетитивни, но има забелешки за користење на државни ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите.

Еврокомесарот за прширување Штефан Филе кој дојде во Скопје заради финализирање на пролетниот извештај на ЕК за Македонија, денеска треба да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во Владата ќе се одржи нова рунда од пристапниот дијалог на високо ниво.

Филе претходно имаше средба и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.