До вечерва истекува рокот за приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори во Македонија.
Секој подносител на листата на кандидати може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето.
ДИК е должна во наредните два дена по приемот, да одлучи по приговорите, а како последна инстанца е можноста за тужба до Управниот суд . Одлуката на судот е конечна.
До 21 април истекува и рокот кога партиите се должни да поднесат финансиски извештај за изборната кампања.
Извешатајот се поднесува до ДИК, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување на корупција, Собранието , како и Советот на општината и градот Скопје.