Српската влада упати протестно писмо до Македонската владата поради дополнителните прописи за увозот на брашно и пченица од оваа соседна држава.
Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ побарал проблемот да се реши на билатерално ниво, бидејќи Србија со ова губи околу три милони евра годишно.
– Ако на овој начин не успееме да ги отстраниме овие недоразбирања, не ни преостанува ништо друго, освен да се обратиме до ЦЕФТА изјавил Љајиќ за српските медиуми.
Пред еден месец во Македонија беа внесени пет пратки на пченица од Србија. За три од нив анализите покажаа дека се загадени со тешки метали, олово. Овој факт не се спомнува во ниту еден српски медиум.