Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

1 милион евра ќе се потрошат за реновирање на салонот во МОБ

0
By Нова ТВ on June 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2016 14:04

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска не го послуша Синдикатот на Македонската опера и балет. Наместо да им ги подобри условите за работа на уметниците, таа реши да ја реновира големата сала во МОБ. Тендерот беше објавен пред неколку месеци, а заврши вчера со објава на договорот со избраната фирма изведувач.

За реновирање на салонот на Македонската опера и балет, годинава од буџетот ќе се потрошат 1 милион евра. Зделката за градежните работи ја доби фирмата Промонтинг ДООЕЛ од Скопје, а реновирањето треба да го заврши во рок од четири месеци. На јавниот повик на МОБ имало две понуди, а според објавата на интернет страната на Бирото за јавни набавки, била избрана понудата на Промонтинг како најниска цена.

Канческа-Милевска овој зафат го најави во февруари, кога рече дека е изработен проект со кој е предвидена реконструкција на подот и на електричната инсталација, замена на околу 850 седишта и поставување на лед-екрани за претставите.

Синдикатот на МОБ побара од министерката прво да создаде основни услови за работа на уметниците, а потоа да го разубавува просторот во оваа институција.

„Синдикатот на МОБ апелира до Mинистерката да заземе активно учество во создавање на основни услови за работа на уметниците во институцијата. Под услови подразбираме: уредни гардероби и тоалети кои последниве години наликуваат на се освен на тоа за што се наменети, обезбедување потрошен материјал за инструменти кој го немаме земено повеќе од година и половина, костуми и фустани за јавни настапи, столови за оркестар и хор за јавни настапи и пултoви за ноти кои ќе обезбедат минумум светлина потребна за професионално извршување на нашите работни обврски.“, и напиша Синдикатот на Милевска по најавата за реконструкција на салонот на МОБ.

Уметниците упатија предупредување дека се на работ на трпението, со зголемен обем на работа кој паѓа врз нивниот грб, а со кој треба да се затворат финансиските дупки направени од раководството. Директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски не е во земјава и не одговори на прашањата на НОВАТВ дали по овој тендер, ќе почнат да се решаваат и проблемите со кои секојдневно се соочуваат уметниците во неговата институција.

На крајот на април вработените во институциите од областа на културата, излегоа на протест пред Министерството за култура со мотото – Културата не ви ја трпи тортурата. Тие бараат повлекување на законските измени од 2014 година од Законот за култура, преговори за колективен договор со кој ќе се унапреди културата со сите дејности и покачување и нивелирање на платите во културата и достоинствен статус на сите вработени во културата

 

Канческа-Милевска Македонска опера и балет министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.