Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц со нови идеи и конкретни предлози во Њујорк

0
By Нова ТВ on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2013 20:05

Завршија разговорите за разликите околу името во Њујорк, меѓу пратеникот на ОН Метју Нимиц и претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

На прес-конференцијата по средбата амбасадорот Нимиц изјавил дека се разговарало за конкретни предлози и оти очекува двајцата посредници да ги пренесат на своите Влади.

Нимиц потенцира дека идеите што ги претставил се едно ново мислење од негова страна и изрази надеж дека двете страни ќе пронајдат позитивни елементи.

– Ги замолив амбасадорите Јолевски и Василакис да ги пренесат на своите Влади. Предлозите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се посветат на изнаоѓање решенија, изјави Нимиц.

Амбасадорот Нимиц го потенцираше високиот интерес кој владее за овие разговори во ОН, подвлекувајќи дека потсекретарот на ОН Џефри Фелдсман присуствувал на разговрите, што преставува прв ваков случај.

– Во текот на разговорите не посети потсекретарот Џефри Фелдсман да го изнесе и неговото мислење и да ги увери сите дека и генералниот секретар Бан ки Мун е лично заинтересиран за ова прашање и дека се надеваме дека ќе биде изнајдено решение, изјави Нимиц.

Посредникот Нимиц дополнително потенцираше дека и многу од европските земји и САД се заинтересирани за текот на разговорите. Оваа изјава ја даде во контекст на прашањето дали очекува разговорите да влијаат врз скорешната одлука на ЕУ за предлогот за отворање преговори.

Нимиц најави дека следната средба во овој формат може да се очекува за околу два месеца без да прецизира дали таа ќе биде во Њујорк, во Македонија и Грција или на локација во Европа.

Во меѓувреме Македонија е подготвена за посета на Нимиц, а Грчкиот учесник во разговорите Василакис потенцира дека средбата може да се очекува по 5 мај и дека една од можните локации е и Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.